Линкови за пристапност

Почнав од нула: Мери Бајрамовска, шминкерка која ги разубавува јавните личности


Мери Бајрамовска, шминкерка и инфлуенсерка
Мери Бајрамовска, шминкерка и инфлуенсерка

Пораката за сите жени и девојки е  секогаш да работат на себе. Да имаат свој паричник. Тоа значи да бидат самостојни, да бидат независни, да вложуваат во обуки, да се надградуваат, вели Бајрамовска

„Сама почнав. Почнав од нула. Почнав со мојот несесер. Во мојот несесер имав шминки од Америка. Имам тетка во Америка која ми е многу драга и таа секогаш ми носеше брендирана козметика од Америка. И јас така почнав, почнав со тој несесер со шминки“, вели Бајрамовска.

Креативна и енергична. Вака може да се опише Мери Бајрамовска, која важи за една од најдобрите мејк ап артисти во земјата. Нејзината приказна почнува пред 12 години.

Мери Бајрамовска - успех после вложен труд и самодоверба
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:12 0:00

Низ нејзините раце досега поминале бројни личности од светот на политиката и естрадата, од земјата но и соседството. Ја прашавме како успеа да допре до нив.

Почнав да постирам од мојата работа и како што постирав светот почна да ме препознава и станав многу вирална

„Искрено да ви кажам тие допреа до мене. Квалитетот излегува на површина. Убавиот глас се шири надалеку и јас се обидувам тоа да го одржувам и тоа ми е поттик да бидам понатака уште поуспешна и уште поиновативна во својата работа. Многу ми е драго што сите тие естрадни звезди јас како дете многу ги сакав и слушав и ги гледав на телевизија и сега ми се толку многу блиску“.

На социјалните мрежи има повеќе од 100.000 следбеници, а за видеата со нејзините мејк ап трансформации кои ги објавува на фејсбук и инстаграм вели дека се толку многу вирални, што се вистинска сензација кај публиката.

Нејзини клиенти се лица од јавниот живот и од естрадата
Нејзини клиенти се лица од јавниот живот и од естрадата

„Почнав да постирам од мојата работа и како што постирав светот почна да ме препознава и станав многу вирална. Имав едно видео каде што имав контурирање на цело тело и на лице и стана тоа толку многу вирално што беше објавено во Дејли мејли, Космполитан, германски Билд, француски весник, турска телевизија,Фешн тв“.

Мери Бајрамовска во 2023 година добила награда „Инфлуенсерка на годината“
Мери Бајрамовска во 2023 година добила награда „Инфлуенсерка на годината“
Ние кои сме влијателни врз одредена публика сметам дека тоа треба да го искористиме во други цели и да им помогнeме на луѓето

Во 2023-та година Мери ја добива наградата инфлунсерка на годината, на манифестацијата „Жени претприемачки“. За истата вели дека и значи многу.

„Оваа награда беше од големо значење, и поттик за понатака да бидам уште поуспешна. Инфлуенсер значи влијание на одредена публика. Ние кои сме влијателни врз одредена публика сметам дека тоа треба да го искористиме во други цели и да им помогнeме на луѓето“, објаснува Бајрамовска.

За да се биде добар инфлуенсер вели потребно е да си професионанец во она што го работиш, да бидеш искрен кон публиката и да ги сакаш своите клиенти.

„Пораката за сите жени и девојки е секогаш да работат на себе. Во која смисла. Јас велам да имаат свој паричник. Што значи тоа, да бидат самостојни, да бидат независни, да вложуваат во обуки, без разлика во која професија работат, да се надградуваат во таа професија, да бидат свои и да не бидат зависни и кога ќе се мажат“, категорична е Бајрамовска.

А, на Мери ова и е само хоби. Покрај тоа што е мајка на две деца и сопруга, веќе 25 години работи на охридскиот аеродром. Вели дека подршката од семејството се најважни за успех.

XS
SM
MD
LG