Линкови за пристапност

Иран бара САД да се извинат


Иран бара САД да се извинат

Иран бара САД да се извинат

Иран испратил писмо до САД во кое бара извинување по наводите дека заговарал атентат на саудискиот амбасадор

Иран ги повика САД да се извинат за наводите дека правел заговор за атентат на саудискиот амбасадор во САД.

Иранскиот Министер за надворешни работи Рамин Мехманпараст во вторник кажа дека Иран испратил писмо до САД барајќи извинување.

Со писмото исто така се бара САД да обезбедат компензација за штетата произлезена од американските наводи. Писмото било испратено преку швајцарската амбасада во Техеран која ги претставува американските интереси бидејќи САД и Иран немаат дипломатски односи.

Американски официјални лица обвинија двајца осомничени лица за изведување на заговор од 1,5 милион долари од елитните сили Кудс на иранската револуционерна гарда, за убиство на саудискиот пратеник Адел ал-Џубеир со бомбашки напад на вашингтонски ресторан.

Мансур Арбабсиар изјави дека не е виновен по обвиненијата, минатата недела на суд во Њујорк. Тој е натурализиран американски државјанин со ирански и американски пасош.

Вториот осомничен, Голам Шакури, е на слобода, но се верува дека е во Иран.

Иран негира вмешаност во случајот.

XS
SM
MD
LG