Линкови за пристапност

Обама и саудискиот крал ветуваат „унифициран“ одговор на иранскиот заговор


Обама и саудискиот крал ветуваат „унифициран“ одговор на иранскиот заговор

Обама и саудискиот крал ветуваат „унифициран“ одговор на иранскиот заговор

САД и Саудиска Арабија ветија дека ќе бараат „силна и обединета“ меѓународна реакција по наводниот заговор на елементи од иранската влада за атентат на саудискиот амбасадор во Вашингтон.

Белата куќа кажа дека американскиот претседател Барак Обама и саудискиот Крал Абдула зборувале по телефон во среда и се согласиле дека заговорот претставува „флагрантно кршење“ на меѓународните норми и ветиле да инсистираат одговорните да одговараат за нивните акции.

Иран ги негира наводите. Државната новинска агенција ИРНА го цитира Заменик-министерот за надворешни работи Али Ахани кој во среда сценариото го нарекол „апсурдно“ поттикнувајќи ја Саудиска Арабија да биде свесна за американските напори за нарушување на односите меѓу државите во регионот.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон осуетениот план го нарече „опасна ескалација“ во иранската „долготрајна употреба на политичко насилство и спонзорирање на тероризам“. Таа кажа дека САД блиску ќе соработуваат со нивните меѓународни партнери „за зголемување на изолацијата на Иран и за притисок на иранската влада“.

Силниот одговор дојде еден ден откако американскиот Оддел за правда соопшти дека покренал обвинение против Мансор Арбабсиар, натурализиран американски државјанин, и Голам Шакури, член на елитна иранска армиска единица, за правење заговор за бомбашки напад на саудискиот пратеник Адел ал-Џубеир.

Американскиот генерален обвинител Ерик Холдер кажа дека заговорот бил „започнат, спонзориран и управуван“ од Иран.

XS
SM
MD
LG