Линкови за пристапност

Обама: Наводниот ирански заговор е флагрантно кршење на меѓународното право


Обама: Наводниот ирански заговор е флагрантно кршење на меѓународното право
Обама: Наводниот ирански заговор е флагрантно кршење на меѓународното право

Претседателот Обама наводниот заговор за атентат на амбасадорот на Саудиска Арабија во САД го нарече флагрантно кршење на американското и меѓународното право.

Забелешките на претседателот се од телефонски разговор во вторникот со амбасадорот Абдел ал-Џубеир.

Соопштението од Белата куќа кажа дека претседателот искажал солидарност на САД со Саудиска Арабија и ја повтори американската определба за безбедност на дипломатите кои служат во САД.

Државната секретарка Хилари Клинтон во вторник кажа дека САД се консултираат со пријатели и партнери за тоа како да се испрати силна порака на Иран и натамошно да се изолира земјата од меѓународната заедница.

Претседателот Обама присуствуваше на средба на неговиот тим за национална безбедност во вторник утрото за да им заблагодари за исклучителната работа во откривање на заговорот.

Белата куќа кажа дека Обама бил брифиран за истрагата во јуни.

Иранската влада негира секаква инволвираност во наводниот заговор за атентат.

XS
SM
MD
LG