Линкови за пристапност

Иран планирал атентат врз саудискиот амбасадор во Вашингтон


Иран планирал атентат врз саудискиот амбасадор во Вашингтон

Иран планирал атентат врз саудискиот амбасадор во Вашингтон

Американскиот превобранител кажа дека е откриен заговор што ја инволвира иранската влада во извршување атентат

САД велат дека откриле наводен заговор на Иран за атентат на саудискиот амбасадор во САД.

Американскиот Генерален правобранител Ерик Холдер во вторник кажа дека властите привеле Ирански-Американец за кој постои сомневање дека бил инволвиран во, како што рече „убиство по нарачка“ чија цел бил саудискиот пратеник.

Холдер наведе дека осомничениот Мансор Арбабсиар, кој имал ирански и американски пасош, направил зааговор со член на силите на Револуционерна гарда со седиште во Иран за атентат. Тој го идентификува другиот заговарач како Голам Шакури.

Покренати се обвиненија против двајцата во врска со заговорот, за кој Холдер кажа дека бил „испланиран, спонзориран и управуван“ од Иран.

Тој го обвини иран за кршење на меѓународното право што ги штити дипломатите од повреда и кажа дека САД ќе ја сметаат иранската влада за одговорна за нејзините акции.

XS
SM
MD
LG