Линкови за пристапност

Замокот на Плејбој на продажба


.
.

Сепак, Хју Хефнер останува да живее и работи и после продажбата

Доколку сте заинтересирани, потребни Ви се само 200 милиони долари за имотот во Калифорнија, изграден во 1927-та година.

Оваа позната куќа за забави се протега на повеќе од два хектара, има 29 соби, винарска визба, тениски игралишта, фитнес просторија, зоолошка градина и се разбира, пештерата позната по многуте раскошни и хедонистички забави.

Има само еден мал услов, Хју Хефнер ќе продолжи да живее и работи во замокот и откако тој ќе биде продаден. Не е познато за каков договор станува збор.

Продажбата доаѓа во време кога списанието „Плејбој“ е во процес на редизајнирање. Почнувајќи во март, на страниците на ова списание нема повеќе да има фотографии од голи женски тела.

XS
SM
MD
LG