Линкови за пристапност

Откриена планета со две сонца


Откриена планета со две сонца

Откриена планета со две сонца

Американски астролози велат дека за прв пат откриле планета која орбитира околу две сонца.

На љубителите на филмот може им е познат исходот од четвртото продолжение на „Војната на ѕвездите – Нова надеж“, ремек-дело од 1977-ма. Антологиска сцена: Лук Скајвокер стои на својата планета Татоин. Се загледува во далечината кон розевото небо, и на хоризонтот се појавува портокалово сонце, и веднаш зад него го следи помало бело сонце!

Џон Нол од компанијата Industrial Light and Magic, која ги креираше специјалните ефекти за продолженијата на Војната на ѕвездите, вели:

„Повторно се покажа дека науката е посилна и повозбудлива од фикцијата“.

Новата планета во реалниот живот е наречена Кеплер 16б, и е прва планета, која се врти околу две сонца.

Истражувачкиот тим, предводен од Лоренс Дојл, користел податоци од вселенскиот телескоп Кеплер за да стасаат до откритието:

„Кеплер 16б е оддалечена 200 светлосни години од Земјата. Има големина на Сатурн, и нејзиниот состав е половина гас, половина карпи. Во вселената орбитира околу две сонца кои се помали од нашето сонце и тие две ѕвезди, се наоѓаат како што ги нарече Дојл во „ексцентрична орбита“ околу себе.

„Ова е пример за постоење на друг планетарен систем. Сосема различен вид што до сега не сме го виделе. Освен можеби еднаш - пред 30-тина години во една галаксија многу оддамна...“, се присетува Дојл.

Се разбира дека ваквата констатација се однесува за фиктивната планета Татоин од култниот филм „Војната на ѕвездите“.

Истражувачите го опишаа новооткриениот планетарен систем Кеплер повеќе како грациозен. Двете сонца ротираат секои 41 дена. Планетата кружи околу двете сонца секои 229 денови.

Како е откриена новата планета?

Вселенскиот телескоп Кеплер ја анализира осветленоста на повеќе од 150.000 ѕвезди во потрагата по транзитни планети. Сите три тела орбитираат во една рамнина и затоа телескопот забележува разни планетарни и ѕвездени еклипси. Затемнувањата и осветлувањата со неправилни интервали индицира дека ѕвездите се во различни позиции во нивната орбита секогаш кога минува трето вселенско тело, планетата Кеплер 16б.

„Имаме две ѕвезди кои танцуваат околу себе, и во доменот на нашиот видик, тие меѓусебно се поклопуваат. Потоа имаме исклучително мали пируети од планетата која кружи околу двете сонце и на крајот можеме да измериме колку е голема планетата“, вели тој.

Целта на мисијата на Кеплер е да пронајде дали има планети од типот на Земјата, каде е можен живот. Дојл вели дека на новата планета не може да има живот.

„Поосветлената ѕвезда е на некој начин портолакова. Таа е попортолакова отколку сонцето. Помалата ѕвезда е црвена. Ова ни покажува дали тоа е светлина што на растенијата ќе им овозможи фотосинтеза“, аргументира Дојл.

Дојл вели дека истражувачите не го знаат точниот период на ротирање и не можат да го утврдат точното време на изгрејсонцето и зајдисонцето на планетата. Но, тој рече дека можни се изгресонце и зајдисонце поради ексцентричните орбите на сонцата. Понекокогаш црвеното, понекогаш портолаловото сонце, а понекогаш и двете оддеднаш:

„Постојат две сенки. Портокаловата ѕвезда има сенка, но и црвената ѕвезда ќе ја покрие затоа што имат различен агол на небото, и обратно. Ако сакате да го знаете вистинското време, согласно сончевиот часовник, ќе треба да употребите дигитрон“, вели тој.

Најновите истражувања на астролозите за планетата со две сонца се објавени во журналот Наука.

XS
SM
MD
LG