Линкови за пристапност

Во четврток бил соборен малезиски авион со проектил на украинска територија при што загинале 298 патници и екипажот.

Малезискиот министер за сообраќај вели дека би било „злосторство против човечкото достоинство“ ако се докаже дека авионот на Малезија Ерлајнс бил соборен над источна Украина намерно.

Министерот за сообраќај Лиоу Тион на новинарите во петок во Куала Лумпур им кажа дека намерно соборување на патнички авион е против меѓународното право. Тој кажа дека Малезија го поздравува повикот за независна истрага по несреќата, во која во четврток умреле 298 патници и екипажот.

Тој исто така кажа дека Малезија испраќа тим од 62 лица во Амстердам да помогне во давањето поддршка на семејствата на жртвите.

Лидерите во светот повикуваат на истрага по несреќата на авионот Боинг 777, кој бил упатен од Амстердам во Куала Лумпур кога се урнал, растурајќи отпад и делови од тела низ голема површина, вклучувајќи и изгорено поле. Најголем дел од патниците се од Холандија, и многумина биле упатени за Австралија, на меѓународна конференција за СИДА во Мелбурн.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун ги поведе повиците за транспарентна истрага по уривањето на авионот. Советот за безбедност на ОН во петок ќе има вонредна средба за да дискутира за трагедијата, за која многумина шпекулираат дека е предизвикана од украинската сепаратистичка криза.

Украинскиот амбасадор во ОН, Јуриј Сергејев, вели дека Украина ќе изнесе докази пред Советот за безбедност за тоа што вели дека е руска армиска инволвираност во уривањето.

Американскиот потпретседател Џо Бајден кажа дека патничкиот авион бил „соборен од воздух“ над источна Украина во четврток, и дека не паднал случајно.

Известувачот на Гласот на Америка од Пентагон вели дека американските официјални лица потврдуваат дека авионот бил соборен со проектил но дека не е јасно кој го испукал ниту дали дошол од руска или од украинска територија.

XS
SM
MD
LG