Линкови за пристапност

Забележани „сомнителни објекти“ во јужниот Индиски Океан


Кинески авион вклучен во потрагата по исчезнатиот малезиски авион пријавил дека забележал два големи и неколку помалку плутачки објекти

Кинеските медиуми велат дека авион што бил вклучен во потрагата по исчезнатиот авион на Малезија Ерлајнс забележал „сомнителни објекти“ кои плутале во јужниот Индиски Океан.

Официјалната кинеска новинска агенција Ксинхуа известува дека два „релативно големи“ плутачки објекти и неколку помали бели објекти биле растурени на површина од неколку километри.

Властите планираат да ја пребараат областа да видат дали се тоа остатоци од Боингот 777, што исчезна пред повеќе од две недели.

Во друг развој, американската морнарица вели дека испраќа детектор за црна кутија да помогне во потрагата по авионот.

Американската Пацифичка команда во соопштение од понеделникот кажа дека локаторот може да открие црна кутија на длабочина од околу 6.100 метри. Црна кутија е вообичаен термин за снимките во врска со летот.
XS
SM
MD
LG