Линкови за пристапност

Изјавата на Писториус конзистeнтна со наоѓањето на детективите


На вториот ден расправа за кауција, детективот вели дека нема докази што се контрадикторни со приказната на олимпиецот за тоа што се случило.

Лице што ја води истрагата во Јужна Африка за случајот на Оскар Писториус, вели дека приказната на Писториус за тоа како ја убил неговата девојка, се согласува со тоа што полицијата нашла на лице место.

Детективот Хилтон Бота ова го кажа за време на испрашување од тимот што го брани олимпискиот тркач во среда, на вториот ден од распитот за кауција во Преторија. Распитот ќе продолжи во четврток.

Писториус инсистира дека мислел оти пука на крадец и дека немал намера да ја убие Рива Стинкемп во неговиот дом во четвртокот. Обвинителите велат дека ноќното пукање преку затворена врата во бањата било убиство со умисла.

Бота се согласил со адвокатот на одбраната дека нема знаци на напад на телото на Стинкемп и нема знаци дека таа се бранела од напад.

Претходно за време на испрашувањето, детективот кажал дека сведок слушнал истрел, по што уследило врискање на жена, а потоа повеќе истрели. Сведокот слушнал еден час нон-стоп викање пред истрелите.

Одбраната го истражува кредибилитетот на сведоците.
XS
SM
MD
LG