Линкови за пристапност

Однесување на пилотот – причина за принудно слетување


Американски патнички авион летајќи од Њујорк за Лас Вегас принудно слетал во вторникот во Тексас откако пилотот предизвикал неред на летот.

Авиокомпанијата Џет Блу, вели дека авионот слетал во Амарило, Тексас, откако се развила медицинска ситуација во која бил инволвиран пилотот.

Патниците велат дека пилотот ја напуштил кабината и почнал лудно да се однесува. Тие велат дека сакал да се врати во кабината, но пилот кој не бил на должност ја презел контролата врз авионот и ја заклучил вратата на пилотската кабина.

Пилотот бил совладан од патниците и пренесен на лекарска нега откако авионот слетал.

XS
SM
MD
LG