Линкови за пристапност

Според весникот Њујорк Тајмс Секретарот за одбрана Чак Хегел ќе го соопшти предлогот во понеделник

Весникот Њујорк Тајмс вели дека администрацијата на Обама се подготвува да ја намали американската армија на најмала големина од пред Втората светска војна.

Официјални лица, зборувајќи под услов да останат анонимни, на весникот му кажаа дека Секретарот за одбрана Чак Хегел ќе побара намалување на бројот на војници на цифра меѓу 440.000 и 450.000 во текот на следните години.

Пентагон веќе планираше намалување на величината на армијата, која достигна 570.000 по терористичките напади од 11 септември 2001-ва.

Хегел исто така повика на елиминирање на цела флота на авиони за напад во рамки на Воздухопловството, дизајнирана за уништување на тенкови распоредени од поранешниот Советски сојуз.

Предложените намалувања ќе бидат соопштени во понеделник.

Весникот вели дека предлозите на Хегел се одраз на целокупното намалување на тропшоците на владата и во согласност со ветувањето на претседателот Барак Обама за завршување на скапите војни во Ирак и Авганистан. Официјални лица велат дека намалувањата ќе резултираат во армија способна за пораз на секој непријател, но премногу мала за долги операции во странство.

Сигурно е дека предлогот ќе наиде на отпор кај производителите на оружје, кои ќе сакаат да ги задржат своите лукративни договори со Пентагон, и кај членови на Конгресот кои сакаат да ги задржат отворени воените бази во нивните дистрикти.
XS
SM
MD
LG