Линкови за пристапност

Намалениот буџет може да значи менување на стратегијата на Пентагон


Намалениот буџет може да значи менување на стратегијата на Пентагон

Намалениот буџет може да значи менување на стратегијата на Пентагон

Американскиот секретар за одбрана Леон Панета се очекува да објави план за прекин на стратегијата за можност за водење две војни истовремено.

Крајот на политиката што траеше со децении се очекува да биде соопштен во четврток во Вашингтон и е дел од стратешкиот преглед што Панета го нареди за да се пронајдат начини за справување со претстојните буџетски скратувања.

Неколку новински организации во САД известија дека Пентагон ќе развие стратегија за борба и победа во една војна, додека во исто време САД се во можност да блокираат или амортизираат агресивни акции насекаде во светот.

Новинските извештаи велат дека Панета ќе соопшти намалување на бројот на трупите, намалување на цивилите во армијата и одлагање на неколку програми за оружје, меѓу кои и изградба на нов носач на авиони. Некои велат дека намалувањето на трупите ќе биде околу 10 проценти и кратењето ќе биде главно од Армијата и Маринците.

XS
SM
MD
LG