Линкови за пристапност

Пенс ја пофали Индонезија за „традицијата на умерен ислам“


Американскиот потпретседател се наоѓа на 10-дневна турнеја низ Азија. Следна станица на агендата ќе биде Австралија

Потпретседателот Мајк Пенс во Џакарта, Индонезија, истакна дека претседателот Доналд Трам, во ноември ќе присуствува на три азиски самити.

Пенс, кој се наоѓа на 10-дневна турнеја низ Азија, по средбата со генералниот секретар на Асоцијацијата на југоистични азиски земји, истакна дека администрацијата на Трамп ќе соработува со земјите-членки на АСЕАН, со цел „промоција на мир и стабилност во Јужното Кинеско Море и обезбедување на „непречени трговски врски во регионот“.

Земјите од Јужна Азија бараат долгорочен договор за спорните прашања во Јужното Кинеско Море. Регионот се соочува со нови предизвици додека Кина се обидува да го зголеми регионалното влијание. Ова е во време кога американската политика спрема Азија во моментов се фокусира на зголемените тензии на Корејскиот Полуостров.

Пенс за време на средбата со индонезискиот претседател Јоко Видодо, ја пофали Индонезија за, како што кажа, традицијата на умерен ислам. Тој додаде дека претседателот Трамп има намера да ги прошири економските врски со Индонезија.

Индонезија е земја со најбројно муслиманско население во светот. Претходно, американскиот потпретседател ги посети Јужна Кореја и Јапонија, а следна станица од турнејата, ќе биде Австралија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG