Линкови за пристапност

Кој е Пол Рајан?


Републиканскиот кандидат за потпретседател вели дека Обама е проблемот, а Ромни - решението.

Кој е и какво политичко портфолио има викендов назначениот потпретседателски кандидат на Мит Ромни, Пол Рајан? Згора на тоа, што значи неговата кандидатура за претседателските избори ноември годинава?

Конгресменот Рајан, иако малку познат на национално ниво, од викендов е човекот број 2 на републиканското ливче за претседателските избори.

„Татко ми почина кога бев млад. Беше добар човек. Велеше - сине, или си дел од проблемот, или дел од решението. За жал, претседателот Обама стана дел од проблемот, но Мит Ромни е решението“, коментираше Рајан по објавувањето на веста за неговото кандидирање .
Мит Ромни го претставува Пол Рајан на изборен митинг во Висконсин.

Мит Ромни го претставува Пол Рајан на изборен митинг во Висконсин.


42-годишниот Рајан во предизборната кампања внесува младешка свежина и силна поддршка од конзервативците за неговиот смел буџетски предлог за намалување на владините трошоци. Но, токму затоа, Рајан може да очекува напади од демократите - дека тој план ќе наштети на сиромашните и постарите лица.

Со изборот на Рајан, Ромни очекува наплив на ентузијазам пред републиканската конвенција закажана за крајот на месецов во Флорида.

„Нудиме позитивен владин план што ќе донесе економски растеж, широк и споделен просперитет, што ќе го подобри животот на граѓаните“, вети Ромни на изборна кампања викендов.

Републиканското изборно ливче е познато, но не и дали изборот на Рајан ќе му помогне или наштети на Ромни, коментира аналитичарот Норман Орнстин.

„Нема показатели дека луѓето гласаат за потпретседателскиот кандидат. Гласаат за претседателскиот“, категоричен е Орнстин.
XS
SM
MD
LG