Линкови за пристапност

Патрик Лeхи - трет заменик на претседателот


Сенаторот Патрик Лехи во присуство а потпретседателот Џо Бајден дава заклетва на функцијата трет заменик на претседателот

Сенаторот Патрик Лехи во присуство а потпретседателот Џо Бајден дава заклетва на функцијата трет заменик на претседателот

Сенаторот доби ваква функција по смртта на колегата од Хаваи Даниел Иновеј, кој имаше најдолг стаж во Сенатот.

Долгогодишниот сенатор Патрик Лехи од Вермонг стана третиот по ред заменик на претседателот.

Демократот, кој е пратеник од 1975-та година, денес даде заклетва како втор по ранг во Сенатот, веднаш зад потпртетседателот на САД кој истовремено е и претседател на Сенатот. Се работи за, во најголем дел, церемонијална позиција што Лехи ја презеде со починувањето на сенаторот од Хаваи Даниел Иновеј, кој дотогаш имаше најдолг стаж во Сенатот.

Функцијата, според законот, го става 72-годишниот Лихи како трет во редицата заменици на претседателот, зад потпретседателот и демократ Џо Бајден и претседателот на Претставничкиот дом и републиканец Џон Бејнер.

Во досегашната историја на САД, ниту еден по потпретседателот не ја презел функцијата во случај на смрт или оставка на претседателот.
XS
SM
MD
LG