Линкови за пристапност

Почина Џо Патерно


Почина Џо Патерно

Почина Џо Патерно

Легендарниот поранешен фудбалски тренер на Пен Стејт, Џо Петерно, отпуштен по скандалот за сексуална злоупотреба, почина од рак на бели дробови, во неделата, на 85 години.

Семејството на Петерно издаде соопштение во кое стои дека „се борел до крајот, останал позитивен, и постојано ги потсетувал другите за тоа колку е благодарен на убавиот живот што го имал“.

Петерно бил третиран за рак на бели дробови, но исто така паднал и го скршил колкот во декември.

Патерно, кого го викаа „Џо Па“, имаше рекордни 409 победи – повеќе од секој друг фудбалски тренер на колеџ, и освоено два национални шампионати.

Тој беше отпуштен кон крајот на минатата година за непреземање посилна акција против поранешниот помошник-тренер Џери Сандаски откако му било кажано за инцидент во кабина за туширање во соблекувалната каде наводно бил сексуално напаствувано 10-годишно дете.

Патерно беше критикувн за неинформирање на надворешните власти за инцидентот, иако го информирал спортскиот директор на училиштето и потпретседателот на универзитетот.

XS
SM
MD
LG