Линкови за пристапност

Само во Америка: Националните паркови пусти


Само во Америка: Националните паркови пусти
Само во Америка: Националните паркови пусти

Во слаба економија и националните парковите не се привлечни за туристите

Сакате да посетите некој од прекрасните национални паркови во Америка? Јосемити во Калифорнија е одличен избор, со високите карпи и бројни водопади.

Или некое потопло место кога есента минува во зима овде на северната хемисфера, како на пример Еверглејдс во Флорида или некое од јужните борбени полиња од времето на американската граѓанска војна.

Сигурно ќе бидете добредојдени, зашто посетата до сега годинава, на 395-те национални паркови и историски места во државата, опаднала за околу пет проценти во однос на минатата година, кога, пак, посетеноста опаднала за 7,5 проценти во однос на годината пред тоа.

Претставници на Службата на национални паркови се изненадено од ова, зашто обично, посетата на парковите расте во тешки економски времиња, бидејќи овој тип на одмор е многу поевтин од другите опции.

Но, пролонгираниот период на економско опаѓање и натамошно високите цени на бензинот оставаат трага. Да не заборавиме дека голем дел од посетителите кои престојуваат во парковите доаѓаат во големи возила за рекреација, кои се познати по потрошувачката на гориво.

Исто така, минаа две години откако Кен Бурнс го поттикна интересот за националните паркови со признаениот документарен филм за нивната историја и убавина.

И иако нема начин да се добие точна цифра, ренџерите во парковите известуваат за значително опаѓање во еден сегмент што обично е многу силен во парковскиот туризам, посетителите од Европа, каде силното евро наспроти слабиот долар патувањата во САД ги направија за бадијала.

Но вредноста на еврото падна во однос на доларот и комбинирано со нестабилноста на неколку економии на Континентот, се чини дека натера многу европски семејства, кои инаку би дошле на Смоки Маунтинс или на Големиот Кањон – да останат поблиску до дома.

XS
SM
MD
LG