Линкови за пристапност

Весникот создал име со сатирични напади на естаблишментот и религијата

Францускиот сатиричен неделен весник Шарли Ебдо штотуку пушти твит-порака со карикатура на лидерот на Исламската држава Абу Бакр ал-Багдади, кога маскирани вооружени лица упаднале во нивните париски простории, околу пладне, во среда, и убиле најмалку 12 лица и раниле повеќе други.

Весникот излегува од печат секоја среда, и изградил репутација на анти-владин медиум кој бил и вирулентно анти-религиозен. Често предизвикувал контроверза со сатирични напади на политички и религиозни лидери заради што често добивал закани по објавување карикатури на пророкот Мухамед.

Во 2011-та година, врз канцелариите на Шарли Ебдо беше извршен напад со огнени бомби откако на насловната страница објавил карикатира на пророкот.

Во 2012-та весникот со нови карикатури на пророкот предизвика осуда од муслиманскиот свет. Заради овие карикатури, Франција привремено ги затвори своите амбасади и училишта во преку 20 земји, среде стравување од одмазда.

Според извештај на Ројтерс од 2012-та, уредникот на Шарли Ебдо, Стефан Шарбониер, познат под името Шарб по нападите од 2011 се наоѓал под полициска заштита.

„Ова е сатиричен весник зад кој стои левицата, а кога велам левица, мислам од анархисти до комунисти, „Зелени“ Партија на зелените, социјалисти и други. Пред се`, се работи за секуларен и атеистички весник“, кажа Шарбониер во изјава за Ројтерс.

„Кога ја напаѓаме тврдата католичка десница, никој за тоа не зборува по весниците. Изгледа дека Шарли Ебдо има официјално овластување да ја напаѓа тврдата католичка десница. Но, изгледа дека не смееме да ги исмејуваме муслиманските тврдолинијаши. Тоа е ново правило што нема да го почитуваме“, рече тој, исто така во 2012-та.

На најновата сатирична новогодишна карикатура-честитка за лидерот на Исламската држава стоел текст: „Најубави желби, патем речено“.

XS
SM
MD
LG