Линкови за пристапност

Панета го претстави буџетот на одбраната


Панета го претстави буџетот на одбраната

Панета го претстави буџетот на одбраната

Американскиот Оддел за одбрана вели дека администрацијата на Обама ќе предложи на Конгресот копнените сили да бидат намалени за 100.000 како дел од близу 500 милијарди долари помалиот буџет за одбрана за наредната деценија.

Секретарот за одбрана на САД Леон Панета на новинарите во Пентагон им кажа дека администрацијата ќе побара буџет за 2013-та во вредност од 525 милијарди долари. Тоа е за шест милијарди долари помалку од барањето за актуелната фискална година, која завршува на 30 септември.

Панета кажа дека планот е да се зголеми буџетот на Пентагон на 567 милијарди до 2017.

Тој кажа дека одделот за одбрана исто така побарал дополнителни 88 милијарди за операциите во странство да ја одржат поддршката за трупите во Авганистан. Планот исто така вклучува промена на фокусот кон Пацифичкиот регион и Блискиот исток.

Соопштението го обележува почетокот на годишната дебата за буџетот. Белата куќа се очекува да го испрати својот национален буџетски план до Конгресот кон средината на февруари.

Претседателот Барак Обама го предложи новиот стратешки план за армијата порано месецов.

XS
SM
MD
LG