Линкови за пристапност

Не минуваат само патниците


Аеродромите во Њујорк, Лос Анџелес и Хонолулу најранливи на зарази
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:43 0:00
Direct link

Аеродромите во Њујорк, Лос Анџелес и Хонолулу најранливи на зарази.

Аеродромите во Лос Анџелес, Њујорк и Хонолулу се поранливи на зарази од другите. Вака наведува новото истражување на Институтот за технологија во Масачусетс. Има ли простор за стравување?

Освен луѓето, низ аеродромите може да минат и други видови на патници: грип, Сарс, туберкулоза...

„Се вакцинирам пред патување и користам средство за дезинфекција на рацете“, се доверува патничката Јата Монтрел, кој тргнала на пат од Лос Анџелес за Хонг Конг и Малезија. Секојпат кога патува, стравува да не се разболи.

Некои аеродроми се поранливи на ширењето зарази од другите, според истражувањето на Институтот за технологија во Масачусетс. Биле земени предвид обемот на собраќајот, бројот на долги летови, како и префрлањето на други летови. Според овие критериуми, њујоршкиот Кенеди и ЛАКС од Лос Анџелес се на врвот. Истражувачот Рубен Хуанес најпрвин го изненадило што малиот аеродром во Хонолулу е трет по ризикот за пандемија.

„Лоциран среде океанот, секој лет преку него е од далечно место, значи може да дојдат заразени патници од илјадници километри далечина“, ги објаснува причините во интервјуто преку Скајп за Гласот на Америка.

Истражувањето е потсетник дека аеродромите може полесно да рашират зараза отколку другите транспортни центри: многу луѓе, близу еден до друг, на релативно тесно место, коментира професорот по превентивна медицина на Универзитетот на Јужна Калифорнија, Томас Валенте.

„Тоа не само што е зголемена можност за пандемии, туку и глобално сме во ризик од зарази што се случуваат на различни места во светот“, вели Валенте.

„Многу зарази се шират едноставно, со допирање на заразени површини. На аеродромите и во авионите тоа е случај со тоалетите, рачките“, додава Џонатан Самет, кој раководи со Институтот за глобално здравје при истиот универзитет.

Честото миење и дезинфекција на рацете е најдобрата превентивна мерка додека сте на аеродром, сметаат здравствените стручњаци.
XS
SM
MD
LG