Линкови за пристапност

Поголем канал, повеќе трговија


Поголем канал, повеќе трговија

Поголем канал, повеќе трговија

Проширувањето на Панамскиот канал ќе го удвои товарот што се пренесува.

Го нарекуваат најголемиот инженерски подвиг: од отворањето пред речиси еден век, низ Панамскиот канал меѓу Атлантскиот и Тихиот Океан минале речиси еден милион бродови. Во моментов се одвива проект за негово проширување.

Колосален е можеби најдобриот збор да се опише обемот на проширување. Со инвестиција од 5,5 милијарди долари, каналот наскоро ќе има, условно кажано, трета лента за поголеми бродови. Хорхе Луис Кихано, извршниот потпретседател на проектот објаснува дека проширувањето е неопходно затоа што каналот веќе функционира со полн капацитет.

„Ќе понудиме пловидба на поголеми бродови и во подлабоки води“, најавува Кихано.

Во Гатун, на атлантската страна од каналот, бродовите минуваат на само неколку сантиметри од бетонските ѕидови. Не смеат да бидат пошироки од 32 метра, а пловат во вода длабока само 12 метри.

Новиот канал што се гради паралелно со стариот ќе биде долг 80 километри, длабок 15 метри, а низ него ќе минуваат бродови широки до 49 метри. Треба да започне со работа во 2014-та. Двојно ќе го зголеми пренесениот товар.

„Сега каналот има капацитет од околу 340 милиони тони годишно, што е максимум. Со проширувањето очекуваме над 600 милиони тони“, вели Кихано.

Бродовите плаќаат за премин по тежината на товарот што ја пренесуваат. Доколку се` оди според планот, проширувањето треба да биде пуштено во промет на 100-тата годишнина од отворањето на Панамскиот канал на 15-ти август.

XS
SM
MD
LG