Линкови за пристапност

Што е со мировните напори во Пакистан?


И покрај убиството на лидерот на Талибан во Пакистан, пакистанската влада вели дека ќе продолжи да преговара со Талибан за мир.

Пакистанскиот премиер Наваз Шариф во понеделник го обнови својот повик за мировни разговори и реинтеграција како начин за завршување на деценија долгото бунтовништво на Талибан во државата.

„Нашата влада е цврсто решена да го заврши циклусот на крвопролевање и насилство, но тоа не може да биде сторено преку ноќ, ниту со неконтролирана сила спрема нашите државјани, пред претходно да се направи секаков напор за да се доведат залутаните и збунети елементи на општеството назад во главниот тек.“

Нашата влада е цврсто решена да го заврши циклусот на крвопролевање и насилство, но тоа не може да биде сторено преку ноќ
Неговите одмерени зборови се чини дека смирија дел од лутината изразена кај некои пакистански претставници за време на викендот заради напад со беспилотно летало на САД ги саботираше сите шанси за дијалог со пакистански Талибан кога беше убиенмилитантниот лидер Хакимула Месуд.

Според официјални медиуми, премиерот Шариф му нареди на неговиот министер за внатрешни работи да се консултира со политичките лидери за начинот на кој може да се тргне напред. Круцијално е, рече Шариф, да се биде обединет.

„Ние исто така треба да обезбедиме политичките партии и граѓанското општество да бидат на иста страница, за да се креираат возможни услови за справување со овој проблем.“

Талибан, мрежа од околу 30 милитантни групи, го номинира Асматула Шахен Битани за нов привремен лидер. Аналитичарите велат дека нерешителноста за да се избере траен лидер го одразува конфликтот на моќ во рамки на организацијата.

Месуд беше убиен во време кога пакистанската влада беше на пат да преговара за условите за мир со милитантите. Инцидентот, велат аналитичарите, бил длабоко понижувачки за владата, и преку викендот министерот за внатрешни работи Чаудри Нисар Али Кан изрази лутина спрема САД, барајќи ревизија на пакистанско-американските релации.

Но политичкиот аналитичар и професор Расул Бакш Раис вели дека смртта на Месуд била посакувана од многумина.

„Длабоко во срцето, кај безбедносните сили, политичарите, владините претставници и целото општество мора има големо олеснување, зашто многумина сакаа овој човек да го нема.“

Раис вели дека милитантите, соочени со губитокот на еден од најбескрупулозните лидери и постојан притисок од пакистанските безбедносни сили, со време ќе се вратат на преговарачка маса.

Сепак, Раис предупреди дека Талибан може прво да направи шоу на сила преку повеќе насилнички напади во земјата.
XS
SM
MD
LG