Линкови за пристапност

Клинтон: Пакистан мора да преземе решителни мерки против милитантите


Клинтон: Пакистан мора да преземе решителни мерки против милитантите

Клинтон: Пакистан мора да преземе решителни мерки против милитантите

Сепак, рече дека САД не веруваат дека највисоките пакистански владини кругови знаеле каде е Бин Ладен.

Односите меѓу САД и Пакистан се на пресвртна точка и земјата мора да преземе решителни чекори во борбата против тероризмот, рече американската државна секретарка Хилари Клинтон.

Клинтон, која престојуваше во куса посета на Исламабад, не кажа конкретно за какви чекори се работи. Посетата е со цел да ги поправи односите откако американски командоси го елиминираа Осама бин Ладен на пакистанска територија. Пакистански претставници беа гневни по акцијата на 2-ри мај, додека дел од американските лица поставија прашање како водачот на Ал-Каида успеал да се крие во Пакистан без да го откријат пакистанските власти.

Клинтон петокот изјави дека САД немаат апсолутно никаква причина да веруваат дека кој и да е` во највисоките пакистански владини кругови знаел каде е Бин Ладен.

Па сепак, Клинтон побара од пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари и премиерот Јусуф Раза Гилани да сторат повеќе во борбата против милитантите. Таа подвлече дека Пакистан има обврска да донесе мир во Авганистан со тоа што ќе спречи бунтовниците да водат војна од пакистанска територија. Клинтон коментираше дека Пакистан е клучен за ставање крај на војната во Авганистан.

Зардари подоцна издаде соопштение во кое се вели дека САД и Пакистан се согласиле да соработуваат против целите од голем интерес во војната против тероризмот во Пакистан и на промоцијата на мирот во Авганистан.

XS
SM
MD
LG