Линкови за пристапност

Пакистан ја критикува американската акција против бин Ладен, но ја брани војната против тероризмот


Пакистан ја критикува американската акција против бин Ладен, но ја брани војната против тероризмот

Пакистан ја критикува американската акција против бин Ладен, но ја брани војната против тероризмот

Пакистанското министерство за надворешни работи во вторникот остро ја критикуваше американската операција во која беше убиен Осама бин Ладен во пакистанскиот град Аботабад. Критиката дојде во време кога пакистанскиот претседател ги отфрли наводите дека неговата земја не ги гони активно терористите.

Во соопштение во вторник пакистанското Министерство за надворешни работи остро ја критикуваше американската командо операција во која беше убиен Осама бин Ладен. Во соопштението се вели дека операцијата е изведена без знаење или авторизација од Исламабад. Соопштението исто така кажа дека државната разузнавачка служба споделувала информации за резиденцијата на бин Ладен во Аботабад со американската централна разузнавачка агенција и „други пријателски разузнавачки агенции“ од 2009.

Пишувајќи во весникот Вашингтон пост пакистанскиот претседател Асиф Али Зардари ја бранеше соработката во војната против тероризмот во исто време велајќи дека операцијата не била заедничка.

Постои голем критицизам за Пакистан во американскиот Конгрес, каде се бара истрага за тоа како најбараниот терорист останал незабележан во Аботабад, град со силно армиско присуство и место каде е сместена пакистанската воена академија.

Покренати се и прашања во Пакистан за тоа што знаела владата за мисијата бин Ладен да биде убиен. Опозициониот политичар Харун Акхтар вели дека владата на Зардари е тивка зарди страв од одмазда на терористите.

„Не можам да поверувам дека во оваа земја четири хеликоптери можат да дојдат и да ги попречат радарите, и ние да не знаеме за тоа додека претседателот Обама не го повикал нашиот претседател да му каже `благодарам, ние влеговме и убивме неколку луѓе`. Тоа не се случило. Реперкусиите се тоа од што ние се плашиме и заради што молчиме. Тоа е причината што не сакаме да одиме во детали“.

Многумина Пакистанци се лути и посрамени за тоа што го сметаат за нарушување на суверенитетот, и големи се тензиите низ Пакистан по нападот. Конзулатите во земјата останаа затворени заради страв од насилство.

Специјалниот пратеник за Авганистан и Пакистан, Марк Гросман, кој бил во Исламабад на претходно планирани три-латерални разговори меѓу САД, Пакистан и Авганистан, кажа дека од смртта на бин Ладен имаат корист сите три држави, зашто сите споделуваат определба за прекин на насилничкиот екстремизам и сите три сметаат дека отстранувањето на бин Ладен е успех на трите земји.

Но, сега, кога Осама бин Ладен е убиен некои Пакистанци бараат повлекување на американските трупи од Авганистан, велејќи дека веќе нема причина за инволвираност на американските сили. Американските претставници ја отфрлаат таа сугестија велајќи дека американските трупи ќе останат во Авганистан да и` помогнат на авганистанската влада додека не застане на свои нозе на позиција за поразување на Талибан. Но Ибрахим Кан, член на пакистанскиот парламент е упорен дека е време САД да го напуштат Авганистан.

„Америка ја постигна целта, што сама ја постави. Сега треба да си оди. Нема опревдување да остане во Авганистан“, вели Кан.

Инаку, армиската кампања во Авганистан предводена од САД е исклучително непопуларна во Пакистан, особено заради употребата на летала со далечинско управување за убивање на милитанти на границата со Пакистан. Освен тоа, има и стравување дека терористите ќе се одмаздат на Пакистан за смртта на бин Ладен. Зардари во написот во Вашингтон пост сепак потенцираше дека „Пакистан нема да дозволи да биде заплашен и дека војната против тероризмот е исто толку пакистанска војна колку што е американска“.

XS
SM
MD
LG