Линкови за пристапност

Оксфам: 85 најбогати луѓе „тешки“ колку половина светско население

Групата за заштита на човековите права Оксфам објави дека богатството на 85-те најбогати луѓе во светот е еднакво на половината од светската популација.

Оксфам го објави истражувањето за глобалната нееднаквост спроти средбата на владините лидери од бизнис заедницата на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

Извештајот наведува дека најбогата елита во светот ја користи својата политичка моќ да плаќа ниски даноци, да го сокрие богатството во трети земји, и на друг начин да им служи на своите интереси, на штета на оние со пониски промања.

Оксфам вели дека бројот на милијардерите во Индија се зголемил за три пати последнава деценија, додека во Европа мерките за штедење главно ги погодуваат оние од средна и пониска класа.
XS
SM
MD
LG