Линкови за пристапност

Стејт департмент: Оставката на премиерот е неодвоив дел од договорот од Пржино


Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Џон Кирби, на денешниот брифинг за новинарите ги коментираше политичките настани во Македонија.

Портпаролот на американскиот Стејт Департмент, Џон Кирби, на денешниот брифинг за новинарите на барање на Гласот на Америка да даде коментар на политичките настани во Македонија, рече:

„Најновиот развој е неодвоив дел од договорот од Пржино. Ние продолжуваме да ги поддржуваме напорите на Македонија за продлабочување на евро-атлантската интеграција. Го поддржуваме договорот од Пржино како клучен следен чекор кон таа цел. И ние работиме со Европската Унија да им помогнеме на македонските лидери да надоградат на до сега направениот напредок во имплементацијата. Оставката на премиерот беше дел од тој договор.“

XS
SM
MD
LG