Линкови за пристапност

ОБСЕ со глобална стратегија за мигрантската криза


Резултатите од работата ќе бидат објавени во јули годинава

Мигрантската криза да се решава во светски рамки, а не да биде проблем само на одделни држави и организации. Ова е пораката на генералниот секретар на европската организација за безбедност и соработка (ОБСЕ) Ламберто Заниер, кој на дебата во Вилсон Центар во Вашингтон, ја презентираше стратегијата на ОБСЕ за помош на бегалците и мигрантите.

„Ние почувствуваме дека ова навистина е важно прашање. Во ОБСЕ имаме повеќе работи на кои веќе работиме, како одлука за мигранти во економскиата област уште од 2009, позитивната миграција и позитивното влијание од неа. Имаме концепт за менаџирање на границите развиен пред десет години, и мислам дека треба да го разгледаме повторно“, изјави Заниер.

Тој смета дека проблемот со оваа криза се одразува не само на безбедносен план, туку и на политички и економски, поради што веќе се формирани и работни групи кои ќе работат на различни аспекти на кризата.

Според него, треба да има поголема контрола на луѓето што ги поминуваат границите, забрзана процедура на регистрација, како и да се селектираат групите на беглаци со цел да добијат хуман третман.

Џејмс Холифилд, директор на катедрата за политички студии во центарот Вудро Вилсон, пак, вели:

„Една од работите што треба да ги знаеме за миграцијата е дека не можете да ја контролирате само од национално или од еднострана перспектива. Ќе биде потребна соработка“, рече тој.

Заклучоците од активностите на ОБСЕ ќе бидат објавени на Постојаниот совет на ОБСЕ во јули годинава.

Преку милион бегалци и мигранти поминаа низ Европа од 2015 година, доведувајќи до политичка и хуманитарна криза на целиот континент.

XS
SM
MD
LG