Линкови за пристапност

Оскари: Добитниците зборуваа за моќта на филмот


Контроверзата за презастапеноста на белците беше третирана со хумор и силни страсти

На овогодишното доделување на Оскарите, презентирани во неделата вечер во Холивуд, преку хумор и повици со многу страст беше нагласен недостатокот од расна разновидност во филмската индустрија. Церемонијата Оскар, оваа година со недели пред настанот беше критикувана за фактот што оваа година мнозинството од номинираните се белци.

Домаќинот на церемонијата во театарот Долби, комичарот Крис Рок, уште во својот воведен монолог се зафати со контроверзата, а подоцна претседателката на Академијата за филмски уметности и науки, Шерил Бун Ајзекс, изјави дека индустријата треба да ја одразува разновидноста на својата публика.

Добитниците на Оскар исто така зборуваа за моќта на филмот да доведат до промени.

Леонардо ДиКаприо, прогласен за најдобар актер во приказната за преживување „Опстанок “, изјави дека филмот се однесува на нашиот однос кон природниот свет. Зад сцената тој додаде дека паралелно со снимањето на филмот започнал да работи на документарец за климатските промена, што тој ги нарекува „најитна закана со која се соочува целиот наш вид.“

„Под лупа“ го освои Оскарот за најдобар филм, забележувајќи ги напорите на тим новинари од Бостон, да обелоденат скандал со сексуална злоупотреба во Римокатоличката црква. Продуцентката Блај Пагон Фауст вели дека таа и нејзините колеги режисери за време на правењето на филмот научиле за „значењето на истражувачкото новинарство и влијанието кое може да го има на глобално ниво“.

Шармен Обаид-Чиној доби Оскар за нејзиниот краткометражен филм „Девојчето во реката“ кој укажува на убивањата во Пакистан. Таа изјави дека филмот ги анализира манипулациите со законот за заштита на одговорните за убиства, пракса за која таа вели дека властите на Пакистан ветиле дека ќе заврши.

Мексиканскиот режисер Алехандро Инариту е прогласен за најдобар режисер, втора година по ред, оваа година победувајќи со „Повратник “. Минатата година победи со филмот „ Брдмен “.

XS
SM
MD
LG