Линкови за пристапност

Хуго и Артист со најмногу номинации за Оскар


Хуго и Артист со најмногу номинации за Оскар

Хуго и Артист со најмногу номинации за Оскар

Hugo на Мартин Скорсезе, во 3Д, доби 11 номинации за Оскар, вклучувајќи и за најдобар филм, надминувајќи го многу фалениот од критиката нем филм The Artist кој доби десет номинации.

Академијата за филмска уметност ги соопшти номинациите во вторник, во Беверли Хилс, Калифорнија.

Францускиот филм посветен на ерата на нем филм во Холивуд доби десет номинации, меѓу кои и за најдобар филм.

Меѓу деветте филмови исто така номинирани за најдобар филм е и филмот за безбол Moneyball, кој зеде уште пет други номинации, како и филмот на Стивен Спилберг за Првата светска војна War Horse, кој доби вкупно шест номинации.

Други филмови со повеќе номинации се: The Descendants, The Help, Midnight in Paris, Extremely Loud & Incredibly Close, и The Tree of Life.

XS
SM
MD
LG