Линкови за пристапност

„Линколн“ со најмногу номинации за Оскар - 12


Актерката Ема Стоун и водителот на годинешната церемонија на доделување на Оскарите, Сет Мекфарлејн, ги објавуваат кандидатите за престижните статуетки.

Актерката Ема Стоун и водителот на годинешната церемонија на доделување на Оскарите, Сет Мекфарлејн, ги објавуваат кандидатите за престижните статуетки.

Во конкуренција за најдобар филм се и „Животот на Пи“, „Клетници“, „Амур“, „Глуво доба“ „Прирачник - секое зло за добро“, „Џанго неокованиот“ и „Ѕверовите на јужната дивина“.

Драмата „Линколн“ освои најмногу - 12 номинации за годинешните награди Оскар што Американската академија на филмски науки и уметности по 85-ти пат ќе ги додели на 26-ти февруари во Холивуд. Филмот за американскиот претседател ќе се натпреварува во категоријата најдобар филм заедно со бродоломничката драма „Животот на Пи“, мјузиклот „Клетници“, драмата на француски „Амур“, филмот за ловот на Бин Ладен „Глуво доба“ (во оригинал “Zero Dark Thirty”), комедијата „Прирачник – секое зло за добро“ (во оригинал “Silver Lining Playbook”), филмот на Квентин Тарантино „Џанго неокованиот“ и митолошкиот „Ѕверовите на јужната дивина“.

Во конкуренција за Оскар за најдобар филм од странско говорно подрачје се „Амур“ (Австрија), „Кон-тики“ (Норвешка), „Не“ (Чиле), „Кралска афера“ (Данска) и „Воена вештерка“ (Канада).

Оскар за најдобра режија ќе добие еден од следниве петорица: Михаел Ханеке за „Амур“, Бен Зејтлин за „Ѕверовите на јужната дивина“, Анг Ли за „Животот на Пи“, Стивен Спилберг за „Линколн“ и Дејвид О. Расел за „Прирачник – секое зло за добро“.

Во конкуренција за најдобра машка улога се Бредли Купер („Прирачник – секое зло за добро“), Даниел Деј Луис („Линколн“), Хју Џекман („Клетници“), Хоакин Финикс („Господарот“) и Дензел Вашингтон („Лет“).

За најдобра женска улога годинава ќе се натпреваруваат Џесика Частејн („Глуво доба“), Џенифер Лоренс („Прирачник – секое зло за добро“), Емануел Рива („Амур“), Кувензан Волис („Ѕверовите на јужната дивина“) и Наоми Ватс („Невозможното“).
XS
SM
MD
LG