Линкови за пристапност

Бетси Рос го сошила, но кој го дизајнирал американското знаме?

Во четврток ќе биде мошне живо во куќата на Бетси Рос во Филаделфија. Рос починала во 1836-та година, но нејзиниот дом го посетуваат стотици туристи.

Во четврток во САД е Ден на знамето. Неофицијалниот празник го одбележува усвојувањето на дизајнот на американското знаме со ѕвезди и ленти од страна Континенталниот Конгрес пред 235 години, на 14-ти јуни 1777-та година.

Се смета дека куќата на Рос е родно место на националното знаме. За прашањето и натаму се дебатира, но приказната се` уште се наоѓа во учебниците.

Бетси Рос била шивачка од Филаделфија, градот што подоцна бил во фокусот на американската револуција против британското владеење. Декларацијата за независност од страна на колонистите е потпишана во Филаделфија, како и Уставот на САД по извојувањето на независноста.

Бетси останала вдовица кога нејзниот сопруг, припадник на локалната полиција, загинал. Бетси Рос честопати ги крпела алиштата на лидерот на бунтовничкото движење и идниот претседател на САД, Џорџ Вашингтон. Според информациите на располагање, Вашингтон од Рос побарал да го дизајнира и сошие новото знаме на Америка.

Поголемиот дел од истражувањта индицираат дека Рос била таа која го сошила првото знаме. Се верува дека токму таа го сменила дизајнот на ѕвездите во горниот лев агол од пет на шест краци.

Според други информации пак, Џорџ Вашингтон го донел дизајнот на Рос и побарал од неа да го сошие знамето.

Во писмо, Вашингтон напишал: „Ги земаме ѕвездите од рајот, а црвената боја од мајката земја, одвојувајќи ги со бели ленти. Со тоа покажуваме дека сме се одвоиле од неа. Белите ленти одат на потомците како претставување на слободата“, се вели во писмото на идниот претседател на САД.

Многумина сметаат дека ова е подлабоко мислење отколку што можела да замисли една шивачка, правејќи го знамето од сопствена замисла.
XS
SM
MD
LG