Линкови за пристапност

Кинезите паднаа на шегата на „Онион“


Американскиот сатиричен магазин го прогласи Ким Јонг Ун за „најсекси жив маж“.

Официјалниот весник на кинеската комунистичка партија „Пиплс дејли“ донесе голем напис базиран на сатиричниот американски магазин „Онион“, кој го прогласи севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун за „најсекси жив маж“.

Статијата објавена во вторник во електронското издание на „Пиплс Дејли“ вклучи и слајд-шоу од 55 слики на Ким. Внесени се цитати од написот во „Онион“ каде се величи неговото „пленувачки убаво, овално лице, неговиот момчешки шарм, и неговата силна, робусна појава“.

Написот во „Онион“, првично објавен на 14 ноември, вели дека севернокорејскиот лидер бил „благословен со моќ што ја маскира неговата несомнено мила страна“. Весникот ги набележува претходните носители на оваа титула, сирискиот претседател Башар ал-Асад и американскиот сериски убиец Тед Кацински.

„Пиплс дејли“ што не е познат по смисол за хумор, во среда го симна написот од својата веб страница и на тоа место објави порака која вели „страницата што ја барате не постои“. Уредникот на весникот, зборувајќи анонимно, подоцна изјави за Асошиејтед прес дека не сфатил оти написот е сатиричен.

Во меѓувреме, верзијата на „Онион“ беше обновена со вклучување линк за „Пиплс дејли“, што го нарече „горд комунистички огранок“, додавајќи коментар „известување за пример, другари“.
XS
SM
MD
LG