Линкови за пристапност

Траен сувенир од Олимпијaдата


Многумина спортисти заминаа од Лондон со олимписките кругови на своја кожа.

Олимпијадата трае само неколку недели, но за некои спортисти на игрите во Лондон - по неколкуминутна болка - таа ќе остане во сеќавање цел живот. Со себе понесоа траен сувернир за искуството од градот на Темза.

Сина, жолта, црна, зелена и црвена - боите на олимписките прстени најдоа место на кожата на олимпијците во Лондон - потсетник дека биле дел од еден од најголемите спортски настани во светот.

Пливачот Стивен Кент од Нов Зеланд не се квалификува за финалето во неговата дисциплина, штафетата четири пати по 200 метри слободно, но за него самото учество на Игрите е доволна причина да го тетовира олимпискиот симбол на градите.

„Ми значи многу што бев на Олимпијадата. Сега имам траен потсетник на тоа“, вели Кент.

Во чекалната на салонот за тетовирање - целиот пливачки тим на Австралија.

„Сакам да покажам дека сум била на Олимпијадата - големо постигнување за кое вложив голем труд“, објаснува Емили Сибом, која освои сребрен медал во трката 100 метри грбно.

Сопственикот на салонот Мо Каполета вели - спортистите храбро ја издржале болната процедура: „Едвај се над старосната граница за тетовирање. За многумина, таа им е прва. Стоички издржаа. Ако сакаш нешто многу, едноставно - ќе издржиш“.
XS
SM
MD
LG