Линкови за пристапност

Обама за прекин на субвенциите за нафтените компании


Американскиот претседател Барак Обама повика на прекин на даночните субвенции за нафтените компании, велејќи дека фирмите прават рекордни профити додека Американците страдаат заради растечките трошоци за гориво.

Во Белата куќа во четврток, претседателот кажа дека Конгресот може или да гласа да потроши милијарди долари повеќе на нафтените субвенции што ја држат земјата „заробена во минатото“ или да ги прекине субвенциите за нацијата да може да инвестира во својата иднина.

Тој кажа дека трите најголеми американски нафтени компании направиле повеќе од 80 милијарди долари профит минатата година.

„Кога центата на нафтата расте, цените на бензиските пумпи одат нагоре, а со тоа и профитот на компаниите. Всушност, една анализа покажува дека секогаш кога цената на нафтата се зголемува за пени, овие компании обично ставаат во џеб уште 200 милиони долари профит на едно тримесечје. Во меѓувреме, овие компании плаќаат пониска даночна стапка за нивните инвестиции, делумно заради тоа што ние им даваме милијарди во даночни олеснувања секоја година“.

Тој се заложи за инвестиции во технологија на чиста енергија, ветер и сончева енергија, биогорива, економични возила и домови и згради што штедат енергија, наместо даночни олеснувања за нафтените компании.

Но перспективата за укинување на легислативата не е розова. Републиканците велат дека премногу владина регулатива ги држи високи цените на горивото. Тие исто така велат дека прекинот на субвенциите може само уште повеќе да ги крене цените и да го обесхрабри вложувањето во истражување.

Зголемените трошоци наштетија на популарноста на претседателот Обама, кој се бори за реизбор.

XS
SM
MD
LG