Линкови за пристапност

Охрид: Нигериец кој требало да учи на охридскиот универзитет е хоспитализиран


Термалната камера на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје регистрирала две лица под сомнение дека се заразени со вирусот ебола; Едно лице ставено во изолација

Термалната камера на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, на 4-ти овој месец регистрирала две лица со покачена телесна температура, што создало сомнение за заразеност со вирусот ебола.

Овие лице подоцна биле пуштени да заминат до крајната дестинација. Групата се состоела од осум лица, кои допатувале од Нигерија на студиски престој во Република Македонија. Нивни дестинации биле Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле” од Охрид, Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола.

Кај лицето кое требало да престојува во Охрид, на Универзитетот за информатички науки „Свети Апостол Павле“ била измерена температура од 38 степени, по што било ставено во изолација на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. За целата ситуација од Министерството за здравство не даваат многу информации.

„Ова лице не покажува други потенцијални симптоми на вирусот ебола и не треба да се создава непотребна паника во целиот случај. Станува збор за стандардна процедура, која е идентична како кај претходно споменатите две лица, кои по утврденото нормално ниво на телесна температура по неколку последователни мерења, беа пуштени да отпатуваат до крајната дестинација“, информираат од Министерството за здравство.

Заменик-директорот на Светската здравствена организација за здравствена безбедност Кеиџи Фукуда неодамна предупреди дека „нема да биде лесно“ да се запре епидемијата на Ебола и дека ќе бидат потребни „неколку месеци напорна работа“.

XS
SM
MD
LG