Линкови за пристапност

Соработка на парламентите од Југоисточна Европа


На 10-та конференција во Охрид се собраа претставници на парламентите да разговараат за предизвиците на економската криза.

Еконоимската криза има силно влијание и на нашиот регион и бара спроведување далекусежни и сеопфатни промени и реформи на национален, регионален и глобален план, истакна претседателот на Собранието Трајко Вељаноски на отварањето на пленарната сесија, на која стана збор за предизвици произлезени од економската криза и улогата на националните парламенти во справувањето нив.

„Секој од нас пристапува со неопходни решенија, согласно на можностите. Но, тие не можат да се разрешат на поединечна, туку заедничка основа, за што е потребен регионален придонес“, рече Вељаноски.

Според него, најочигледни последици од економската криза се нарушувањето на условите за бизнис, зголемувањето на сиромаштијата и високата невработеност, особено присутна меѓу младите.

На дводневната конференција ќе бидат усвоени документи за правилата и модалитетите за натамошен развој на парламентарната димензија на ПСЈИЕ што треба да доведе до формирање на Парламентарно собрание.

Меѓу присутните се претседателот на бугарското Национално собрание Михаил Миков, хрватскиот спикер на Парламентот Јосип Леко, претседателот на Претставничкиот дом на Романија Валериу Згонеа, претседателот на српското Национално собрание Небојша Стефановиќ, претседателот на турското Големо Национално Собрание Џемил Чичек, и други.
XS
SM
MD
LG