Линкови за пристапност

Негативна туристичка сезона


Негативна туристичка сезона
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:35 0:00

Негативна туристичка сезона

Туристичките работници од Охрид и Струга на крајот на летово ги сумираат првите резултати. За Гласот на Америка велат дека случувањата во земјава, политичката и мигрантската криза се одразиле на севкупните состојби во туризмот. Ана Јанчева менаџер во хотелот Дрим во Струга за текот на оваа летна сезона вели:

„За жал годинава во однос на претходните години имаме помалку ноќевања. Имавме одлични најави од многу туристички оператори и агенции, но поради бегалската криза и терористичкиот напад на аеродромот во Брисел имавме голем пад на ноќевањата во месеците април и мај. Полека почнаа да се враќаат во јуни. Но се` уште не можеме да стигнеме барем на истото ниво како и минатата година“, рече Ана Јанчева од хотел Дрим во Струга.

Првиот човек на Хотелската асоцијација на Македонија, Крсте Блажески вели дека некои од хотелите драстично ги намалиле и цените на аранжманите.

„Оваа година нема да се запише како една од најуспешните, туку ќе биде една од послабите во последните 4-5 години. Вестите во странските земји ги покажуваа лошите слики. Туристите не се одлучуваа за оваа дестинација. Самото тоа донесе намалување на цената на пазарот. Може да се најде ноќевање со појадок и за 18 евра“, вели Блажески.

Пучот што се случи во Турција пред повеќе од еден месец го намали бројот на турски гости за околу 70%, кои беа едни од најбројните. Ова најмногу го почувствуваа домашните угостители:

„После 15 јули кога се случи пучот во Турција имаше едно големо затајување од месец дена и во тој период се почувствува недостатокот на турските гости. Не зборуваме за 10,20,30%, зборуваме за 100% откажувања. Има подобрување, но не е тоа што беше. Се очекуваше зголемување на турскиот пазар во однос на минатата година,“ вели Филип Стефановски претставник на туристичка агенција.

И граѓаните сметаат дека ова лето во Охрид имало помалку посетеност. Велат подобро е да има помалку туристи, но тие да се квалитетни и добри потрошувачи.

„Во однос на другите години беше послабо, но имаше гости. Сакаме поквалитетни туристи и тоа ќе биде подобро за цел град“, рече Ќевни Каљуш локален бизнисмен од Охрид.

„Јас мислам дека треба да има помалку туристи, но да бидат добро пречекани. Услугата треба да е на повисоко ниво, не треба да си играме со туристите“, вели граѓанин на Охрид.

Периодот кој што следува е резервиран за т.н. конгресен туризам, а до средината на октомври остануваат гостите од Холандија, Белгија и Израел.

XS
SM
MD
LG