Линкови за пристапност

Животот на бегалците преку фотографии


Изложба: „Земја на границите"
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:29 0:00

Изложбата „Земја на границите", која ја направија неколку македонски фотографи, беше поставена во Охрид

Триесеттина фотографии од двата бегалски кампа во Гевгелија и во Табановце се изложени во Охрид.

Целта на изложбата „Земја на границите", која ја направија неколку македонски фотографи, е да се покаже сликата со бегалците во Македонија, објаснува за Гласот на Америка Тара Петкоска, организатор на изложбата и волонтер во кампот во Гевгелија.

Вели дека повеќе од пет месеци бегалците се затворени и живеат во кампови без право на обрзование, работа и здравствено осигурување.

На изложбата се претставени и цртежи насликани од бегалците, а еден од нив е насликан од шестгодишно дете.

„Се обидуваме да правиме активности со кои ќе ги заинтересираме бегалците, но, и самите не сакаат веќе да учествуваат во ништо. Имаме дела од еден уметник во кампот, а тоа е Шердо Муса од Алепо, кој графички преку своите цртежи ги претставува страдањата на бегалците. Седеше до возот бидејќи тој никогаш не доаѓа со затворањето на границите. Немаше ни блок ни ништо, само црташе на некои хартии кои ги наоѓаше“, рече Петкоска.

Фотографот Ивана Чаловска вели дека овие луѓе прифаќале да застанат пред објективот и да се фотографираат со надеж дека фотографиите ќе привлечат внимание за помош.

„Бегалецот беше во многу лоша состојба. Не доволно знаеше да зборува англиски и толку сакаше да разговара со нас што замина во корпата за отпадоци за да го земе речникот. Се врати со него за да ни каже зборови како здраво“, вели Чаловска.

Фотографијата со малото дете, кое срамежливо гледа и се смее, покажува низ што се поминуваат децата во камповите.

„Тука беше страшен хаос. Имаше вода, а тоа се играше“, вели Чаловска.

Јасмин Реџепи од невладината организација „Легис“ вели дека во моментот во Македонија се наоѓаат 135 бегалци.

„Живеат како во затвор. Немаат правен статус. Не може човек да живее во импровизирани услови. Нашите кампови беа транзитни центри. Ако може Европа да пушти милион луѓе, треба да ги пуши и овие 200, за да се обединат со нивните семејства“, вели Реџепи.

Изложбата имаше и интерактивен карактер, па присутните можеа да поставуваат прашања и да оставаат коментари на фотографиите.

XS
SM
MD
LG