Линкови за пристапност

Охриѓанец награден за развој на 5G технологии

  • Сашо Митан

Петар Поповски ја доби наградата заедно со уште четворица други истражувачи на Интернационалната конференција за комуникации во Куала Лумпур

Петар Поповски од Охрид доби нагарада за развој на 5G технологиите на Интернационалната конференција за комуникации, која од 23-ти до 27-ми мај се одржа во Куала Лумпур, Малезија.

На Поповски и на 372 научници Европскиот совет за истражување ќе додели 713.000.000 евра, како дел од програмата на Европската унија за истражување и иновации, а проектот на Поповски е за ултрасигурен безжичен Интернет.

Во февруари оваа година, Поповски беше и еден од петтемината научници кои заслужија највисокото државно признание од областа на науката и високата технологија, што го доделува Данското министерството за високо образование и наука, а им го врачи данската принцеза Мари. Истата награда тој ја доби и во 2008 година.

Поповски е дипломиран електроинженер, а од 2008 година, освен на Електротехничкиот факултет во Скопје, работи и како експерт за бежична технологија во фирма за високотехнолошки апарати за слушање.

XS
SM
MD
LG