Линкови за пристапност

Џез музичар, со медал од Обама, на Охридско лето


Охридско лето
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00

Драмскиот дел на фестивалот, ќе биде посветен на одбележување на 400 години од смртта на Вилијам Шекспир

Фестивалот Охридско лето, годинава, ќе го отвори оперската пејачка Елина Гаранча од Латвија, заедно со Македонската опера и балет.

Оливер Арсовски, директор на фестивалот најави новини во програмата.

„Во иднина планираме да воведеме содржини, кои ќе бидат привлечни и атрактивни за пошироката публика, како дополнителна програма. Тие ќе бидат одредени уметнички активности на охридските сцени, во текот на целата година“, вели Арсовски.

Летово се очекува да дојде и светски познатиот џез музичар Артуро Сандовал, кој има освоено десет Греми, и една Еми награда.

„Во 2013 година, од претседателот на САД Барак Обама, врачен му е и престижниот медал на слободата“, рече Гордана Јосифовска-Неделковска, селектор на музчкиот дел на Охридско лето.

Планирани се настапи и на виолинистиот на Лондонската филхармонија Роман Симовиќ, пијанистот Фазил Сеј, полското „Глас дуо“, чие што членови произведуваат звук со помош на чаши, перкашн ансамблот „СУДАР“ од Хрватска, кои вршат популаризација на ударните инструменти, како и неколку македонски уметници.

Драмскиот дел, пак, ќе биде посветен на одбележување на 400 години од смртта на Вилијам Шекспир.

Од 12 јули до 20 август, во периодот додека се одржува фестивалот, многу од туристите во Охрид доаѓаат специјално за фестивалските настани, велат угостителите.

Михаил Мишев, претседател на Охридските угостители, за Гласот на Америка, открива какви се досегашни искуства од фестивалот.

„Таквите големи имиња, кои гостуваат на фестивалот, придонесуваат Охрид, и од угостителски аспект, да биде задоволен. Публиката која е присутна во таквите настани, ги посетува објектите во целиот град. Ние од наша страна правиме се, таквите гости да бидат добро услужени, по фестивалскиот ден“, вели Мишев.

Актерот Жанко Голабоски вели дека големите имиња кои доаѓаат на Охридско лето, надвор од сцената се скромни личности.

„Сум имал контакти со актери, музичари и со диригенти овде. Кога не го познаваме тој уметник или таа личност, мислиме дека не можеме ни муабет да направиме. Тие се сосема нормални луѓе и во тоа е можеби нивната големина“, вели Голабоски.

XS
SM
MD
LG