Линкови за пристапност

Повик за побрзо одржување на локалните избори


Повик за побрзо одржување на локалните избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:34 0:00

Градоначалници и експерти во Македонија со сличен став – можни се сериозни последици доколку тоа не се случи

Неформирањето на новата влада и политичката криза веќе влијае на локално ниво во општините.

Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид, за Гласот на Америка вели дека целокупното функционирање на градот ќе биде биде доведено под знак прашање. Тој додава дека прекинот на нивниот мандат, ќе значи и прекин на сите активности кои зависат од нивниот потпис или од одлуките на советот.

„Се соочувавме со сериозни предизвици во делот на навремено завршување на постапките за одредени планови, програми и проекти. Отежната беше комуникацијата со централната власт заради политичката криза. Тешко се добиваа согласности од инстиуциите кои се неопходни за да продолжи некоја постапка која била почната на локалното ниво, а тоа се одразува и на задоволство на граѓаните“, изјави Бакрачески.

И експертите предупредуваат на сериозни последици од актуелната ситуација, и повикуваат на побрзо одржување на локалните избори.

„Локалната самоуправа е тотално блокирана и овие последици сигурно ќе ги имаме уште долго време. Се одрази директно и врз општините и врз граѓаните, бидејќи тие не можат да ги реализираат нивните локални потреби. Доколку не може сега, најдоцна до септември е рокот којшто не смееме да го поминеме за одржување на избори“, изјави Агни Алиу, универзитетски професор по локална самоуправа.

„Локални избори требаше да се одржат до 15-ти мај, но пробиени се сите рокови, како и се` во нашата држава што е пробиено. И законот не може да предвиди вакви ситуации, бидејќи во нормална држава ваква ситуација нема. Зависи дали има волја и кој е интересот на политичките субјекти да го решат овој проблем“, вели Владо Чингоски, поранешен претседавач со Советот на општина Охрид.

Околу 5.000 вработени во општините низ Македонија, 10.000 во јавните претпријатија и повеќе од 30.000 вработени во основните, средните училишта и градинките, нема да можат да земаат плата доколку нема итно решение на проблемот.

Според Чингоски и Алиу, има две решенија - измени на изборниот законик и продолжување на мандатите на градоначалниците од страна на парламентот или пак поставување на т.н. повереници во општините кои би биле надлежни за потпишување на плати за вработените.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG