Линкови за пристапност

Определба за целосна дигитализација во Македонија

  • Сашо Митан

До први јуни следната година ќе заврши комплетната дигитализација во електронските комуникации, порача од Охрид директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски во рамките на на Втората меѓународна регулаторна конференција.

Лиценцата наскоро ќе ја добие заинтересиран оператор, што ќе овозможи покривање на 80 проценти од популацијата во Македонија со сигнал до 1 јуни 2013 година, кажа Ордановски, појаснувајќи дека „сите национални, регионални и локални телевизии ќе бидат пренесувани преку новиот оператор“.

Во моментов Советот за радио дифузија врши анкета кои од 47-те телевизии ќе преминат во регионални или ќе останат во локални рамки, рече Ордановски.

Македонска радиодифузија како оператор кој ќе го пренесува националниот сервис има во својот проект и доделување на приемници за 40 илјади социјално загрозени граѓани. Тие ќе можат да ги гледаат и програмите на новиот оператор.

Според Ордановски, Македонија е лидер во електронските комуникации и по пенетрацијата на широкопјасниот интернет и по сите параметри по кои мерат во телата на Европската комисија надлежни за развојот на електронските комуникации.

Од први јуни 2013, ќе стартува и најновата 4Г генерација мобилна телефонија. Операторот којшто ќе ги добие тие лиценци ќе биде обврзан од агенцијата за четири години да покрие 95 проценти од Република Македонија со 4Г мрежа каква што засега во Европа имаат само Германија, Франција, Шведска и Италија.

XS
SM
MD
LG