Линкови за пристапност

Роберт Лидел од ЕУ во Охрид

  • Сашо Митан

Роберт Лидел од ЕУ во Охрид

Роберт Лидел од ЕУ во Охрид

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија Роберт Лидел не даде конкретен одговор на аспирацијата на Македонија за започнување на преговорите за влез во Европската Унија.

Тој во Охрид донесе порака дека ЕУ е секогаш на располагање за помош и соработка.

Три години по ред Европската комисија ја обновува својата препорака за започнување на претпристапни преговори со Република Македонија.

„Ве охрабрувам да го прочитате прогрес-извештајот каде ќе видите позитивни и негативни забелешки кои сме ги дале. Во резимето велиме дека сте подготвени да ги започнете преговорите, што значи дека ги исполнувате критериумите“, рече Роберт Лидел, шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија.

Различните искуства кои се добиваат од посетата на градовите низ Македонија, ќе бидат земени предвид за следниот извештај, рече тој изразувајќи надеж дека отворањето на Информативниот центар на ЕУ во Охрид ќе има придонес за целиот регион.

„Се обидуваме да стапиме во контакт со граѓани од другите делови на Македонија. Се надеваме на долга соработка конкретно со градот Охрид, за која сме сигурни дека ќе биде успешна. Граѓаните на Охрид и регионот ќе доаѓаат во тој центар, ќе го користат и ќе дебатираат“, додава Лидел.

Но притоа треба да се запази имплементацијата на законодавството, порачува Лидел. Европската Унија е загрижена дека не се обезбедени сите основи за соодветно имплементирање на законите.

XS
SM
MD
LG