Линкови за пристапност

Богов: Македонските банки се стабилни


Богов: Македонските банки се стабилни
Богов: Македонските банки се стабилни

Македонските банки се стабилни имаат одлична капитализираност и многу висока ликвидност. Тие не се изложени кон државен долг кон најризичните држави од еврозоната, смета гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов.

Тој денеска имаше обраќање на 16-та Меѓународна конференција на Клириншки институции во Централна и Источна Европа што се одржува во Охрид.

„Банкарскиот систем на Република Македонија е сигурен. Не постои ризик од одлив на капитал поради кризата во Грција. Македонските банки не се изложени кон Грција, парите на депонентите се пласирани во македонската економија, кон македонските претпријатија и македонските граѓани, изјави Богов, според кого, не се очекува пренесување на негативните ефекти кон македонските банки.

Богов додаде дека Народната банка ја следи состојбата и е подготвена да им помогне на банките доколку за тоа има потреба, иако, според него, ликвидноста што ја поседуваат домашните банки е одлична и може да ги задоволи сите потреби кои би се појавиле.

Во однос на грчката криза, гувернерот Богов смета дека состојбата е сложена, но се држи под контрола.

На 16-та Меѓународна конференција на Клириншки институции во Централна и Источна Европа се дискутира за влијанието на новите технологии кои водат кон подобрување на постојните и воведување на новите производи во платните системи, од локално па се до глобално ниво. Предавачи се водечки лица од платежните институции, регулаторни тела, централните банки и банкарската индустрија. Домаќин на годинешната конференција е Клириншката куќа КИБС - Клириншки Интербанкарски Системи АД Скопје.

XS
SM
MD
LG