Линкови за пристапност

Глобалната економија забавила во почетокот на 2014-та


Организацијата за економска соработка и развој покажа забавување во некои од најголемите светски економии втор по ред тримесечен период.

Нов извештај покажува дека економскиот растеж забавил во некои од најголемите светски економии на почетокот на 2014-та година, втор по ред тримесечен период.

Организацијата за економска соработка и развој во вторник кажа дека колективните економии на 34-те држави-членки се зголемиле само за четири-десетини од процентот во периодот од јануари до март. Тоа е намалување од половина процентен поен добивка во последниот квартал на 2013-та, и од напредокот од седум десетини од поен во кварталот јули-септември минатата година.

Групата со седиште во Париз кажа дека растежот во почетокот на 2014-та варирал од држава до држава. На пример, Јапонија напреднала со 1,5 процент во првиот квартал и Германија осум десетини од еден процент. Но организацијата кажа дека економијата во САД и Франција биле речиси без растеж, додека италијанската економија опаднала за десетина од процентниот поен.

Европската еврозона со 18 држави пораснала за две десетини од поенот, но европската централна банка би можела наскоро да ја намали клучната каматна стапка во напор да поттикне растеж. Во САД, пак, централната банка или Федералните резерви, постојано го намалуваа својот директен економски стимуланс со опоравувањето на државата од бавниот растеж во првиот квартал што беше под влијание на невоoбичаенo студена и снежна зима.
XS
SM
MD
LG