Линкови за пристапност

Oдбраната на човековите права е во наш национален интерес, рече Блинкен


Земјите кои ги почитуваат човековите права имаат поголема веројатност да бидат мирни, просперитетни, стабилни, изјави изјави државниот секретар на САД
Земјите кои ги почитуваат човековите права имаат поголема веројатност да бидат мирни, просперитетни, стабилни, изјави изјави државниот секретар на САД

Залагањето за слобода и човекови права е едноставно исправно нешто да се направи, но одбраната и промовирањето на овие неотуѓиви и универзални права, исто така, се длабоко во наш национален интерес, изјави државниот секретар на САД Ентони Блинкен.

Стејт департментот денес го објави извештајот за состојбата со човековите права во светот во 2023 година.

„Земјите кои ги почитуваат човековите права имаат поголема веројатност да бидат мирни, просперитетни, стабилни“, рече Блинкен.

Тој рече дека САД „ќе продолжат да ја искажуваат нашата длабока загриженост директно до одговорните влади“.

„Иако извештајот се фокусира на предизвиците со човековите права во странство, ние признаваме дека САД се соочуваат со свои недостатоци. Силата на демократиите како нашата е во тоа што тие недостатоци, тие несовршености ги решаваме отворено, без да ги криеме под тепих“, изјави Блинкен.

Во делот од извештајот на Стејт департментот за состојбата со човековите права во Северна Македонија беа забележани сериозна владина корупција и сериозни ограничувања на слободата на изразување и слободата на медиумите, вклучително и насилство и закани со насилство врз новинари.

Извештајот, меѓу другото, наведува дека законот предвидува кривични казни за корупција од страна на функционери, но оти владата не го спровела ефективно.

„Имаше бројни извештаи за владина корупција. Во септември, владата усвои измени на Кривичниот законик, значително намалувајќи ги обвиненијата и казните за кривични дела поврзани со корупција. Невладините организации тврдеа дека како најголем работодавач во земјата, доминантната улога на владата во економијата, создава широки можности за корупција“.

Извештајот нотира дека владата презела ограничени чекори за да ги идентификува и казни службениците кои можеби извршиле кршење на човековите права.

Сериозна владина корупција и насилство врз новинари во Северна Македонија, забележа Стејт департментот

XS
SM
MD
LG