Линкови за пристапност

Обама во Етиопија


Американскиот претседател Барак Обама на заедничка прес-конференција со етиопскиот премиер Хаилемариам Десалин

Американскиот претседател Барак Обама на заедничка прес-конференција со етиопскиот премиер Хаилемариам Десалин

Во рамки на африканската турнеја, ги повика властите во Адис Абеба да не ја кочат работата на новинарите и опозицијата

Американскиот претседател Барак Обама оцени дека САД и Етиопија се „силни партнери“ во однос на многу прашања, но ја повика етиопската влада да овозможи новинарите и опозиционите партии да работат послободно.

На денешната заедничка прес-конференција со етиопскиот премиер Хаилемариам Десалин во Адис Абеба, Обама ги пофали економските резултати на Етиопија, велејќи дека земјата успеала да извади милиони лица од крајна сиромаштија. Тој кажа и дека Етиопија игра витална улога во борбата против сомалиската милитантна организација Ал-Шабаб.

Од пречекот на Обама на аеродромот во Адис Абеба

Од пречекот на Обама на аеродромот во Адис Абеба

Американскиот претседател ја опиша средбата со етиопскиот премиер како „искрена дискусија“ и рече дека отворањето на простор за новинарите и опозицијата „ќе ја зајакне наместо да ја кочи“ политичката платформа на владејачката партија.

Хаилемариам рече дека Етиопија е посветена на подобрување на човековите права и добро владеење. „Нашата заложба кон демократијата е вистинска, а не површна“, изјави етиопскиот премиер.

Организации за човекови права го повикаа Обама да побара реформи од етиопската влада којашто контролира 100% од местата во парламентот и врши строга контрола врз медиумите.

Обама е првиот американски претседател којшто ја посетил Етипија додека е на функцијата.

Обама за време на посетата на Адис Абеба ќе се сретне со водачите на Кенија, Уганда, Етиопија и на Африканската унија, за да разговара за граѓанската војна во Јужен Судан.

Безбедносни мерки во Адис Абеба за посетата на Обама

Безбедносни мерки во Адис Абеба за посетата на Обама

На прес-конференцијата, американскиот претседател кажа дека условите во Јужен Судан се крајно влошени и дека САД и источноафриканските земји ќе разговараат за тоа што може да се стори за да се постигне мировна спогодба. Тој рече дека претседателот и опозиционите водачи во Јужен Судан се тврдоглави и дека гледаат на сопствените интереси, отколку на интересите на земјата.

Напоредно со денешните билатерални средби, Белата куќа најави дека САД планираат да обезбедат најмалку 40 милиони долари помош против насилниот екстремизам во Источна Африка. Ова доаѓа згора на 465-те милиони долари предложени за обука, опремување, оспособување и спротиставување на насилниот екстремизам ширум Африка.

Веста за помошта беше објавена во исто време кога претставници на Белата куќа го осудија убиството на најмалку 13 лица во експлозија на автомобил-бомба пред хотелот Џазира во Могадишу во којашто загинаа најмалку 13 лица.

Од Адис Абеба, Обама ќе замине назад за САД. Пред посетата на Етиопија, Обама мина два дена во татковината на својот татко - Кенија.

Во Најроби, Обама ги истакна достигнувањата на Кенија откако доби независност во 1963-та, како крајот на еднопартиското владеење и надминувањето на крвавото племенско и етничко насилство коешто изби во 2007-ма и траеше неколку месеци. „Луѓето во Кенија решија да не бидат дефинирани според омразата од минатото“, кажа Обама. „Избравте подобра историја“.

Обара порача дека иднината на Кенија зависи од три важни столобови: енергичното и транспарентно демократско владеење, универзалниот економски развој и силното чувство на национален идентитет којшто „го отфрла конфликтот во полза на иднината на мир и помирување“. Тој ги повика властите да ги зајакнат мерките за искоренување на корупцијата, а се осврна и на правата на жените, велејќи дека „Кенија нема да успее доколку ги третира девојчињата и жените“ како граѓани од втора класа.

XS
SM
MD
LG