Линкови за пристапност

Царски рез и дебелина на децата


Бебиња родени со царски рез имаат два пати поголема веројатност да станат дебели до тригодишна возраст споредено со новороденчиња родени вагинално. Авторите на студијата велат дека жените кои планираат породување со царски рез заради тоа што е покомотно може да сакаат да размислат за опциите.

Студија направена со 1.250 жени во Болницата за деца во Бостон пред нивната 22-ра недела на бременост, кои се породиле во болници во Масачусетс меѓу 1999 и 2002. Дваесет и пет проценти на бебињата биле родени со царски рез. Останатите биле родени вагинално.

Откако бебињата биле родени, нивната висина и тежина била забележана гога имале три месеци, и потоа повторно на третата година од раѓањето. Истражувачите нашле дека до третата година, 16 проценти од децата со царски рез биле со прекумерна тежина, споредено со 7,5 проценти од оние родени вагинално. Разликата во тежината на бебињата во времето на раѓање изгледа дека не било фактор.

Истражувачите нашле дека тригодишните деца родени со царски рез имале поголема дебелина на кожата , што е мерка за телесна маснотија. Наоѓањето останало исто, според истражувачите, дури и по земањето предвид на тежината на мајката, зашто се знае дека дебелината на мајката е фактор на ризик за деца со прекумерна тежина.

Амос Гранбаум е директор на породилното одделение во Медицинскиот центар Веил Корнел во Њујорк. Гранбаум верува дека е важно на жените, кои се советувани заради медицински причини да се одлучат за царски рез, да им се каже за студијата за дебелина на децата и за другите ризици поврзани со хируршко породување.

Гранбаум вели дека има многу легитимни причини за царски рез, вклучувајќи бебиња кои се странично позиционирани или со рацете во родниот канал, или пак кога раѓањето не се одвива нормално.

Истражувачите од Масачусетс шпекулираат дека дебелината може да биде предизвикана и од бактерии во утробата на бебето родено со царски рез. Микробите, велат тие, може да влијаат на тоа колку калории и хранливи материи се апсорбирани од храната, промовирајќи отпорност на инсулин, воспаленија и маснотии. Друга веројатност, според истражувачите, е што ослободувањето на хормони за време на породувањето може да влијае на развој на дебелина. Но тие велат дека двете претпоставки бараат натамошно истражување.

Гранбаум вели дека многу веројатно од сега ќе ги информира неговите пациенти кои избираат царски рез за дополнителните ризици од прекумерна дебелина.

Студијата е објавена во журналот Архива на детски болести.

XS
SM
MD
LG