Линкови за пристапност

Обама ги поттикна Американците да не се предаваат на стравот


Во редок говор од Белата куќа, американскиот претседател посочи на неколку чекори што треба да се преземат за да се поразат терористите.

Претседателот Обама ги повика Американците да не се препуштат на стравот по неодамнешните напади во Париз и во Калифорнија, обидувајќи се во исто време да ја увери јавноста дека тој и неговата администрација заканата од тероризам ја сфаќаат сериозно.

Во редок говор од Белата куќа, Обама во неделата навечер кажа дека ФБИ собира податоци за тоа што се случи во Сан Бернардино, во Калифорнија. Но тој рече дека се уште нема докази оти дека двајцата извршители биле дел од поголема терористичка мрежа во странство.

Тој кажа дека САД ја зацврстиле својата одбрана против терористички закани и дека американската армија неуморно ги гони терористичките мрежи во странство.

Но тој забележа дека терористите сега се насочуваат кон “помалку комплицирани” напади каков што беше во Калифорнија.

Обама кажа дека разбира оти Американците се прашуваат дали “сме нападнати од рак од кој нема моментален лек”. Но тој рече “ќе го уништиме ИСИЛ” - употребувајќи ја кратенката за терористичката група Исламска држава.

Тој вети дека американската армија ќе ги пронајде терористичките лидери сеедно во која држава да се кријат. Тој исто така рече дека ќе се продолжи со обезбедувањето на обука и опремување на сириските и ирачките сили кои се борат против ИД на теренот. Тој исто така рече дека САД работат со пријателите и сојузниците и дека меѓународната заедница започнала со исполнување на план за ставање крај на сириската војна.

”Слобоата е помоќна од стравот”

Обама кажа дека наредил Стејт департментот и Одделот за домашна безбедност да ја ревидираат програмата за давање визи според која жената што учествувала во нападот во Калифорнија дошла во САД.

Тој го повика Конгресот да обезбеди никој што е на листата на забрана за летање да не може да купи оружје. И тој повтори дека ќе мора да се направи да е потешко купувањето на борбено оружје.

Претседателот рече дека ова се чекори што можеме да ги преземеме за да ги поразиме терористите.

Тој инсистираше дека дека не треба уште еднаш да бидеме вовлечени во долга копнена војна во Ирак или Сирија. И додаде дека тоа е она што ИД би сакала.

Тој нагласи дека не смееме да дозволиме оваа војна да биде дефинирана како борба меѓуАмерика и Исламот. Тој рече дека и тоа би го сакала ИД.

Претседателот кажа дека муслиманските лидери мора да работат со нас на отфрлање на идеологијата на омраза што ал-Каида и ИД ја промовираат. Тој исто така кажа дека одговорност на сите Американци од секоја вера да ја отфрлат мислата дека Муслиманските Американци треба да бидат третирани поинаку. Тој кажа дека тоа оди на рака на ИД.

Тој рече дека “ние сме на правата страна на историјата” и додаде дека е уверен оти ќе ја добиеме борбата против тероризмот.

Обама кажа, “Да не заборавиме дека слободата е помоќна од стравот”.

XS
SM
MD
LG